Татран продолжи дговори со двајца ракометари – Давидовиќ и Царапкин не мрдаат од Прешов

Русинот Роман Царапкин и босанскиот репрезентативец Марко Давидовиќ ставија потписи на нови договор со Татран Прешов.

Новиот договор на Давидовиќ е со важност до јуни 2024 година, додека Царапкин се обврза на версност до 2023, исто така до јуни. Во клубот Давидовиќ дојде во јануари и многу брзо се наметна како еден од поважните ракометари на тимот, па затоа дојде и ова продолкжување.

„Мислам дека можам да покажам уште повеќе отколку што покажав досега. Со секој ден во оваа сала и во овој клуб се чувствувам посамоуверенот. Мислам дека имаме добар состав за следната сезона и очекувам да бидеме успешни во Европа“, изјави босанскиот репрезентативец.

За Царапкин новата сезона ќе биде седма во Татран, а не исклучува да дојде и до ново продолжување на соработката.

„Сигурно дека може да останам и повеќе од една година, во Прешов се чувствувам пријатно. Имав неколку понуди, но избрав да останам тука. Со нетрпение го чекам враќањето на Игор Чуприна и Лукаш Урбан кои треба да ни помогнат“, изјави Царапкин.