Словачкиот вицепрвак Татран Прешов ги започна подготовките за новата сезона пред сите други екипи со нов тренер и четири нови ракометари. Како дел од подготовките овој тим ќе игра на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски Усташ“ во Охрид кон крајот на август
На местото на Марек Гернат, кој минатата сезона во поголем дел го водеше тимот од Прешов, доаѓа Павел Јано. 41-годишниот стратег работеше во многу клубови меѓу кои унгарските Ѓенѓеш и Мезоковешд, германскиот Хонбург, потоа АГРО Тополчани…
Словачкиот тим се засили со четворица ракометари. Се враќа голманот Марио Цвитковиќ, кој и порано беше дел од Татран, потоа крилото Јозеф Хозман, пикерот Марк Ковач и десниот бек Даниел Полански кој беше дел од бундеслигашот Гумерсбах.
Во играчкиот кадар од Прешов заминаа бековите Лукаш Гогола и Никола Ивановиќ, пикерот Роман Царапкин, голманот Маркос Колодети и крилата Давид Михалка и Серхио Лопез.
Покрај настапот во Охрид, Татран Прешов ќе одигра уште седум пријателски пред стартот на сезоната во која ќе игра во ЕХФ Европскиот Куп. Ќе игра против полскиот Азоти Тарнов, унгарските Егер и Ѓенѓеш, како и чешката Карвина.