Словачкиот шампион Татран Прешов и тренерот Славко Голужа го испланираа стартот на подготовките за новата сезона на 1 јули.
Голужа очекува седум нови засилувања, а петмина од нив не се од европскиот континент. Поради многуте одложени авио летови, многу затворени граници, странците не знаат како ќе дојдат во Прешов.
Меѓу нив се Бразилците Винициус Колодети и Гиљерме Линарес, Тунижаните Џихед Џабала и Анур Бен Абдал, Кубанецот Кабаљеро Ернандез, како и Португалецот Нуњо Сантош и Словенецот Лучијан Физулето.
„Во прв момент сме задоволни што во Словачка, спортските екипи веќе можат да тренираат. Но јас сум песимист кога се работи за навременето доаѓање на интернационалците во Прешов. Сепак ние интензивно сме во комуникација со сите, и се надевам дека ќе ги решиме овие прашања во најскоро време“, вели генералниот директор на клубот, Мирослав Беницки.