„Татко на една ракометарка се закани дека ќе ме убие во темна улица!“

Легендарниот Евгениј Трефилов секогаш е во центарот на вниманието. Тој се врати на тренерската работа во Кубан Краснодар, а работи и во федерацијата на Русија како потпретседател.

Тој за рускиот „Спорт Експрес“ откри интересни детали од досегашната работа во клубовите.

„Татко на една ракометарка ми се закануваше дека ќе ме убие во темна уличка. Зборуваше како неговата ќерка доаѓа дома со плачење, наводно била потценета. А колку многу пати родителите ми нудеа мито за нивните ќерки да бидат во стартната постава. Некои ми носеа пари, некои коња. Драги мои, запаметете дека шампион на светот не станува на валкан начин“, вели Трефилов.

Тој по проблемите со срцето, се врати на тренерската работа, но само на клупската, додека во репрезентацијата на Русија, главен збор сега има Амброш Мартин.