Унгарската Татабања, која ќе игра во Лигата на Европа следната сезона, во еден ден донесе пет засилувања.
Откако ги продолжи договорите со Матијас Ѓери, Габор Анчин, Адриан Сипос и Адам Јухас, овој тим и покрај финансиските проблеми успеа да договори нови ракометари.
Станува збор за членот на Балатонфуреди, десниот бек Бенце Ждолик, потоа пивотменот Давид Дебрецени од Ференцварош, како и левото крило на Егер, Балаж Молнар.
Дојде и поранешниот член на ПИК Сегед, кој оваа сезона ја мина во шведски Савехоф и играше против Еурофарм Пелистер – левото крило Стефан Сунајко.
Од Веспрем доаѓа еден од најталентираните унгарски ракометари, десното крило Бенце Хорњак, кој доби шанса сезонава на еден меч од Лигата на шампионите, а во СЕХА лигата играше на три меча и даде девет гола.