Тимот на Куманово го прослави третиот триумф во плеј-аутот, откако на домашен терен го совлада Голден Арт со 26-25.
Херој на домаќините беше искусниот Влатко Тасевски, кој стрелаше во голот на гостите на десетина секунди до крајот.
Гостите се обидоа да организираат напад во последните моменти, но немаше време и победата остана за Куманово.
Во последните пет минути се играше гол за гол, од 22-22 до 25-25 на стартот на последната минута.
Погледнете ја трилер завршницата и победничкиот гол на Тасевски.