Тасевска продолжува со одличната форма во Австрија

Македонската интернационалка Марија Тасевска, продолжува со одличните настапи во австрискиот шампионат.

Нејзиниот тим Дорнбирн загуби минимално на гостувањето кај Румс Јагс со 24-23 во натпревар од 20 коло.

Левото крило од Македонија одново беше најдобар стрелец на теренот и успеа да постигне седум погодоци.

Сепак тоа не беше доволно барем за бод на ова гостување. До крајот на првенството има уште две кола, а во следното коло Дорнбирн на домашен терен го пречекува Штокерау на Матеја Серафимова, па ќе има „македонски“ двобој во Австрија.