Танкоски ја „измеша“ одбраната и погоди во голот на Гудме (ВИДЕО)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер во овие моменти го играат натпреварот против данскиот ГОГ Гудме од Лигата на Европа. Битолчани играат одлично, а еден од најубавите погодоци во првиот дел за реми, 14-14, беше дело на македонскиот репрезентативец Марио Танкоски. Тој во последните секунди се прошета низ одбраната на домашниот тим и погоди во голот на Халгримсон. Погледнете....