Ракометарите на Еурофарм Пелистер утре ќе ги одиграат натпреварот против Агуаш Санташ во рамки од второто коло од Лига на Европа.
Еурофарм Пелистер со голем оптимизам влегува во натпреварот против португалскиот тим, кој исто така во првото коло беше поразен.
Средниот бек Марио Танкоски вели дека важно е да се победува на гостински терен.
„Агуаш Санташ игра агресивна одбрана, брзи се на полуконтра, играат трпелив напад. Ние мора да ги намалиме техничките грешки, да не дозволиме лесни голови, тие ќе имаат проблем со нашата одбрана. Со победа мислам дека ќе бидеме блиску до следната фаза. Гостинските бодови се многу важни, иако мора и дома да победуваме“, вели Танкоски.
Натпреварот меѓу Агуаш Санташ и Еурофарм Пелистер се игра утревечер со почеток во 20:45 часот.