Еурофарм Пелистер направи огромен чекор напред кон осминафиналето на Лигата на Европа откако го совлада данскиот ГОГ Гудме со 32-31 во драматичен финиш.
Бекот Марио Танкоски вели дека тимот почна да игра ракомет како што знае и нема тука да застане.
„Штета за повредата на Кукуловски, и претходно неколку ракометари ни се повредија, па моравме да се снаоѓаме без нив. Бевме во негатива скоро цел натпревар, но се вративме, покажавме карактер и победивме светски прваци. Битна победа со која мислам дека го заверивме пласманот во осминафиналето. Првите натпревари ни беа тешки и рацете и нозете, тие лоши резултати се одраз на тоа. Спасувавме бод, а водевме 7,8 разлика. По првата победа против Тримо Требње се опуштивме и почнавме да играме ракомет како што знаеме и нема тука да застанеме“, изјави Танкоски.
Следен предизвик за Еурофарм Пелистер ќе биде дуелот со Рајн Некар Левен во вторник на 23 февруари.