По триумфот над Бутел Скопје, а пред дербито против Алкалоид, ракометарите на Еурофарм Пелистер ги чека реванш средба од четвртфиналето на СЕХА лигата против Татран Прешов.
По триумфот со 37-29, битолчани може да си дозволат да одморат дел од првотимците на дуелот во Прешов. Средниот бек Марио Танкоски вели дека тоа не е премногу.
„Осум разлика носиме во Прешов, но тоа не е ништо. Сигурно Татран ќе биде комплетен во вториот натпревар, во Битола беа преполовени без Рабек и Урбан. Ќе се обидеме да ги одбраниме тие осум разлика за да се пласираме на Ф4, кој сите го посакуваме. По натпреварот во Прешов ни следи дерби во Автокоманда против Алкалоид. Многу ни е важен тој натпревар, но нема да биде лесно. Мора добро да се спремиме, ако сакаме на 7 мај против Вардар во Битола да се бориме за титула“, вели Танкоски.
Мечот против Татран Прешов и Еурофарм Пелистер се игра утре со почеток во 16:00 часот.