Средниот бек на Еурофарм Пелистер, Марио Танкоски, моментално, се наоѓа меѓу најдобрите асистенти по четири одиграни кола во Лига на Европа.
Танкоски заедно со ракометарот на Ференцварош, Бенце Наѓ ја делат 4. позиција на листата на асистенти.
Двајцата ракометари на четири одиграни натпревари во второто по ранг европско натпреварување поделија 18 асистенции кон своите соиграчи.
Ракометарот на битолскиот тим зад своето име има запишано и 14 погодоци, најмногу постигна во дуелот со Фуксе Берлин, вкупно пет.
На првото место како најдобар асистент се наоѓа членот на Екс Ан Прованс, Серано Тарафета, кој има 22 асистенции, потоа следува ракометарот на Архус, Томас Арнолдсен со 20 асистенции, додека на трето место се наоѓа Жули Жозе од Бенидорм со 19 асистенции.