Данскиот вицешампион ГОГ Гудме е топ-тема во битолската ракометна јавноста, откако пред две недели беше одложен натпреварот од првото коло на групата Д на Лига Европа против Татабања.
Македонскиот репрезентативец Марио Танкоски верува дека предноста на Еурофарм Пелистер може да биде долгиот период за подготовка на натпреварот.
„Скоро еден месец го анализиравме ГОГ Гудме и тоа е наша предност, за разлика од нив кои немаа толку време да ја анализираат нашата игра. Од другата страна нивна предност е брзата игра, но мислам дека со тактиката која ја подготви Бабиќ во одбраната можеме да извојуваме победа. Се чувствувам среќно во овој клуб и чест ми е да работам со еден одличен тренер каков што е Бабиќ, кој се грижи за играчите, што е вистинска реткост“, вели Танкоски.
Натпреварот меѓу ГОГ Гудме и Еурофарм Пелистер се игра вечерва со почеток во 18:45 часот.