Откако останаа без Игор Котевски, кој реши да ја прифати понудата на Металург и да се врати во Автокоманда, раководството на Јуниор Кисела Вода го реши тренерското прашање.
Стручниот штаб на прволигашот ќе биде сочинет од двајцата искусни ракометари, кои се уште се активни на теренот – Горан Печенковски и Игор Илиевски.
Двајцата ракометари ќе продолжат во двојна улога, а дополнително ќе биде познато дали ќе има промени во играчкиот кадар.
Печенковски има богата кариера, со големо суперлигашко искуство низ настапите за Преспа, Пелистер, Металург, Пролет и Бутел Скопје, додека Илиевски потекнува од Пелистер, а играше за Металург, Пролет, Еурофарм Работник и германската Аполда.
Јуниор Кисела Вода го има обезбедено место во разигрувањето за место во Суперлигата, а до крајот на регуларниот дел од Првата лига остануваат уште пет кола во кои тимот ќе се обиде да има што подобра стартна позиција пред плеј-офот.