Тандемот на лево крило не се менува: Кондев и Коцев и следната сезона во Тиквеш!

Екипата на Тиквеш, која во минатата сезона заврши на петтото место во суперлигашката конкуренција, откако го реши тренерското прашање, започна со комплетирањето на тимот за новата сезона, како и со продолжување на договорите со дел од играчите, кои во минатата сезона ги оправдаа очекувањата на управата на клубот.

По продолжувањето на договорите со двајцата интернационалци од Србија, средниот бек Страхиња Симиќ и кружниот напаѓач Никола Стефановиќ, тимот од Кавадарци ги продолжи договорите со ракометарите кои настапуваат на левата крилна позиција, Дарко Кондев и Димитар Коцев.

Двајцата ракометари се покажаа во одлично светло во изминатата сезона. Кондев беше меѓу најдобрите стрелци во дресот на Тиквеш, постигна 90 погодоци, со што беше еден од најзаслужните за освоеното петто место на табелата, додека Коцев секоја дадена шанса на терен максимално ја искористи.

Кавадарчани во следната сезона ќе бидат дел од групата Б заедно со Еурофарм Пелистер, Скопје, Голден Арт, Пролет, Еурофарм Пелистер 2, Радовиш и Јуниор КВ.