Денеска главниот дуел се игра во СЕХА лигата каде што тимот на Нексе го пречекува Вардар, а ова ќе биде натпревар што ќе биде голем предизвик за двете екипи.
Според формата на двата состави се очекува да има големо надигрување и никој да не може да има предност пред почетокот на средбата. Со оглед на тоа што Нексе победи на средбата што беше одиграна во Скопје, сега е јасно дека Вардар ќе има сосема поинаков пристап, а тоа е и причина повеќе тренерот на Нексе, Бранко Тамше да биде повнимателен.
„Го следевме натпреварот на Вардар против Монпелје и свесни сме за тоа дека не чека навистина тешка средба. Целта нѝ е да го ротираме тимот колку што е можно повеќе и да го обезбедиме најдоброто на теренот во моментов. Ќе ни биде потребна помош од нашите навивачи. Посилни сме за Мославац и Мицевиќ така што сметам дека можеме уште еднаш да покажеме дека сме способни за да испорачаме одлични перформанси како тим без разлика на составот со кој ќе играме“, вели тренерот на Нексе, Бранко Тамше.
Натпреварот денеска се игра од 20 часот, а се игра во Нашице.