Спортската сала „Зоран Стојановски” во Ресен, која е дома на ракометниот клуб Преспа, доби модерен и нов изглед.
Во салата во која своевремено првакот Преспа Јафа Промет играше натпревари од Лигата на шампионите, а играше и сениорскиот национален тим, целосно е реновиран паркетот и соблекувалните.
Прволигашот Преспа во новата сезона од Првата лига, ќе може да ги пречека гостинските екипи во реновираната сала.