Талески ја стави јаготката на шлагот – во финишот ги “реши” битолчани (ВИДЕО)

Ракометарите на Вардар го добија првото дерби во сезоната против екипата на Еурофарм Пелистер со 29:25. Вардар имаше водство во најголемиот дел од мечот, но во завршницата Еурофарм Пелистер успеа да се врати. Сепак во последните неколку минути Филип Талески не дозволи пресврт и со три последователни гола за својот тим ја обезбеди победата на Вардар. Трите гола на вардаровиот бек кои беа клучни за победата погледнете ги во следното видео…