Машката сениорска репрезентација на Македонија во текот на вчерашниот ден ги започна подготовките за последните два дуели од квалификациите за пласман на Европското првенство 2024 година.
Свој камбек во националниот тим имаше левиот бек Филип Талески, кој не настапи на двомечот со Португалија поради приватни причини.
Актуелниот член на Вардар од следната сезона одново ќе стане интернационалец, барем според португалските медиуми, односно според реномираниот „О Жого“.
Македонскиот репрезентативец би требало да биде новото засилување во екипата на Бенфика, која во ланската сезона го освои трофејот во Лига на Европа.
Талески не сакаше многу да се осврне на шпекулациите за можна преселба во Бенфика, но нити ги демантираше.
„Уште не е ништо официјално, така пишува во медиумите, и тоа е така, сѐ уште е неофицијално, доколку има нешто ново, секако, сите ќе знаат”, кратко коментираше членот на Вардар.
27-годишниот ракометар од сезона 2020/21 го носи дресот на актуелниот шампион Вардар.
Редовите на Вардар ги засили од бундеслигашот Рајн Некар, екипа во која мина две сезони, додека во најголемиот дел од својата кариера настапуваше за матичниот Металург.