Селекторот Кире Лазаров нема да смета на сите расположиви сили за двомечот од квалификациите за ЕП 2024 година против Португалија.
Откако остана без Дејан Манасков и Гоце Георгиевски, Лазаров нема да смета ниту на уште еден од искусните ракометари.
Станува збор за Филип Талески, кој поради приватни причини, ќе го прескокне овој двомеч со Португалија.
Нема да игра ниту левиот бек на Еурофарм Пелистер, Павле Атанасијевиќ, чиј клуб информирал дека не може да игра на овие два меча.
Првиот натпревар се игра на 9 март во Скопје од 19:00 часот, додека реваншот е во Матосињос на 12 март.