Талески: Незаслужено бевме отпишани од СП, сега е шанса да покажеме што знаеме

„Ова ни е како една награда затоа што постојано сме на големи натпреварувања и Македонија знае да игра ракомет“ - дециден е Филип Талески пред заминувањето за Египет.

Македонија попладнево патува на Светското првенство во Египет, а нашите репрезентативци се подготвени за предизвикот. Тоа што административно бевме „отпишани“ во јуни, кармата ни го врати во последен момент.

Со еден поинаков состав нашиот национален тим влегува во мундијалскиот предизвик, решен да покаже дека не случајно е таму.

„Го очекувавме повикот! По првите најави дека Чешка има многу позитивни играчи потајно се надевавме и искрено максимално се подготвувавме на секој тренинг, трпеливо и фокусирано работевме исто како да патуваме на СП. Исчекувањето носеше и нервоза, а конечниот расход го дочекавме вчера и кога и официјално ни потврдија дека патуваме на СП, ни олесни. Веднаш го ставивме тој чип во глава дека одиме да се надигруваме. Мислам дека незаслужено не добивме вајлд-карта претходно и бевме отпишани, но Господ не посака и ни дава шанса да играме на СП и да покажеме што знаеме. Имаме поинаков лик на репрезентацијата и сите имаат желба за игра и натпреварување. Со капитенот Лазаров и Стоилов како предводници, со Митревски, Маркоски, Пешевски како поискусни, ќе излеземе, ќе се бориме и ќе го дадеме максимумот на секој натпревар. Ова ни е како една награда затоа што постојано сме на големи натпреварувања и Македонија знае да игра ракомет“ – дециден е Филип Талески пред заминувањето за Египет.

Македонија попладнево, 16:30 минути лета за Каиро, додека првиот натпревар во групата го игра утре против Шведска (20:30 часот).