Македонија имаше слаб настап на Светското првенство во Египет, а еден од оние кои потфрлија и не го дадоа очекуваниот придонес беше Филип Талески.
Левиот бек на Вардар, беше гостин во утринската програма на МТВ, и кажа дека критиките секогаш се добредојдени, но некогаш се премногу лични.
„Дојдено е времето, кога ние треба да преземаме одговорност. Мора да почнеме сами од себе и да ги решиме „бубачките“ во главата, да дојде денот да бидеме на тоа место да ја водиме селекцијата. Критиките секогаш се добредојдени, ама некогаш се премногу лични. Јасно ни е дека ракометот стана број еден спот во Македонија и се очекува многу од нас. Јавноста не е доволно запозната каква е ситуацијата, хемијата и сè друго во тимот. Една е сликата однадвор, а другата одвнатре и како ние функционираме. Убеден сум во тоа дека Македонија пак ќе е горда на ракометарите“, изјави Талески.
Следен предизвик за националниот тим ќе бидат дуелите со светскиот вицепрвак или првак Данска, кои ќе се играат во Алборг и во Скопје во средината на март.