Тимот на Бенфика, каде што од оваа сезона игра Филип Талески, загуби во првото коло од португалскиот шампионат.
Бенфика беше поразена во дерби дуелот од Спортинг Лисабон со 31-26, откако и на полувремето имаше минус три, 15-12.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа браќата Франциско (8) и Мартин (15) Кошта кои практично сами го победија ривалот.
Во составот на Хота Гонзалес, најмногу голови постигна Петар Ѓорѓиќ – вкупно осум, додека Талески не се запиша во листата на стрелците.