Талески за 24Ракомет ТВ: Јавноста веќе неколку години нè „прозива“, но тоа ни е дополнителен мотив (ВИДЕО)

Машката македонска репрезентација денеска го започнува настапот на Европското првенство, а прв ривал ќе биде селекцијата на Украина. Левиот бек на Балинген, Филип Талески за 24Ракомет ги сподели неговите очекувања од настапот на континенталниот собир. Покрај Македонија и Украина, во оваа група се уште и репрезентациите на домаќинот Австрија и незгодната за нас Чешка. Првиот натпревар против Украина е на програмата вечерва од 20:30 часот во „Штадхале Арена“.