Талески за 24Ракомет ТВ: Останувам во Вардар, тоа е најдобро за мене (ВИДЕО)

Вардар со триумфот од 37-25 на натпреварот против Тиквеш ја потврди одбраната на титулата во Суперлигата. Иако не беше се најидеално од стартот на сезоната, сепак на крајот се си дојде на свое место. Левиот бек Филип Талески беше еден од лидерите на тимот, одигра одлично, особено во финишот на сезоната. Тој потврди дека и наредната сезона ќе тресе мрежи за Вардар. Целосната изјава погледнете ја во видео прилогот...