Талески е меч винер – како Вардар победи во последните секунди (ВИДЕО)

Вардар победи во финалето од Купот на Македонија против Еурифарм Пелистер со 23:22 откако постигна гол во последните секунди од натпреварот. Стрелец на победничкиот гол беше Филип Талески кој од десетина метри со фантастичен удар го совлада голманот на Еурфарм Пелистер, Мартон Секељ. Голот погледнете го следното видео.