Дербито меѓу Еурофарм Пелистер заврши нерешено, 27-27, иако и двете екипи имаа свои моменти и можеа да се радуваат на триумф.
Левиот бек Филип Талески прикажа одлична игра, и на крајот е задоволен од освоениот бод во Битола.
„Тоа што се најавуваше, тоа се оствари. Дербито е навистина дерби, со ваква публика, со навивање, со многу страст, како вистинско дерби имаше турбуленции. Водеа тие, водеме и ние, тесен беше резултатот, задоволни сме што од ваков тежок натпревар освоиме бод и со пеналот на Дибиров стигнавме до реми. Треба да победиме се до крај и да стартуваме од првата позиција во плеј-офот. Прекрасно е чувството што публиката се врати во салите и за нас тоа е еден голем плус“, вели Талески.
Вардарци играа без тренерот Вујовиќ, кој си замина во саботата, но и покрај тоа покажаа карактер.
„Ја задржавме играта, бевме поопуштени, дојдовме во Битола да се надмудуравме, иако знаевме дека ќе биде многу тешко. На крајот го покажавме карактерот на Вардар и на овој дрес. Знаевме дека ова е еден вид одлучувачки натпревар. Дојдовме да победиме, но и реми ни одговара нас. Мислите ние беа само за добар резултат“, заврши Талески.
Последната обврска на Вардар за оваа година ќе биде домашниот натпревар против Бутел Скопје в петок.