По завршувањето на групната фаза во регионалната СЕХА лига, членот на Татран Пршеов, Оливер Рабек ја предводи листата на стрелци со 38 погодоци.
На второто место се наоѓа левиот бек на Вардар, Филип Талески, кој во досегашниот тек од регионалното натпреварување има запишано 32 погодоци.
Двајца ракометари го делат третото место на листата на стрелци. Тоа се Стефан Периќ и Никола Зечевиќ од Партизан, кои имаат постигнато по 25 погодоци и се најдобрите стрелци во тимот од Белград.
Меѓу најдобрите десет стрелци се наоѓаат уште Лука Мославац, Томислав Северец и Карло Годец од Нексе, потоа Никола Ивановиќ од Татран Прешов, како и двајцата членови на Партизан, Урош Којадиновиќ и Иван Мичиќ.