Словенечкиот ракометар Тадеј Матијашиќ, кој сега игра во Германија, од вчера и официјално стана македонски зет.
Тој се ожени со долгогодишната девојка Зорица Блажева, која повеќе е позната во македонската јавност како Зои Блаж.
Таа своевремено се занимаваше со музика, а сега успешно чекори во друг сектор и има свое мејк-ап студио.
Матијашиќ во Македонија дојде во 2012 и остана седум сезони во Автокоманда, каде играше за првиот и вториот тим на Металург. Потоа се пресели во словенечки Копер, пред да замине во Германија, каде игра за тимот на Сул.