Ракометарите на КЛ 7 дојдоа до лесна победа на средбата против Јехона од Гостивар со 38:27, па останаа во потребниот плеј-оф ритам.
Тимот на КЛ 7 го реши натпреварот во првите 30 минути кога дојде до предност од десет гола. Водството од 22:12 беа најава за мирно второ полувреме.
Немаше потреба од форсирање, па беше одиграно мирно, а шанса добија речиси сите играчи така што можеа да се најдат меѓу стрелците на овој дуел.
На овој натпревар на терен беше и Каковски, кој се повреди на дербито со ГРК Тиквеш, кога го свитка зглобот. Повредата е минато така што сега бековската линија на КЛ 7 е комплетна.
КЛ 7 – ЈЕХОНА 38:27 (22:12)
Сала: „Круме Кепески“ во Скопје. Гледачи: 400. Судии: Војо Христовски и Бобан Мајов од Скопје. Делегат: Васил Зипевски од Гостивар.
КЛ 7: Петрески, Трајкоски, Стојков 7, Крстески, Миленков 3, Даев, Ѓоргиев 2, Каковски 2, Симоноски 1, Џигероски 1, Ерманоски, Илиески 4, Павлов 2, Димовски 9, Гучески 7, Јорданов.
Седмерци: 1/3, Исклучувања: 16 мин.
ЈЕХОНА: Јонузи, Стојановски, Давидовски 2, Џафери 2, Јовановски, Живковски, Тасевски 3, Илиевски 1, Салиу 8, Столевски, Амети, Јонузи, Бошковски 6, Илиевски 3, Маринковски 1, Емини, Павловски.