До почетокот на Европското првенство кое првпат се одржува во три земји: Австрија, Норвешка и Шведска и првпат со 24 репрезентации остануваат уште седум дена. На 9 јануари се играат првите средби, а секој ден ќе следуваат по шест натпревари.
По две групи се играат во Австрија, во Норвешка и во Шведска. Македонија е во група со домаќинот Австрија, Чешка и Украина, репрезентации кои добро се познати. Со оглед на тоа што останува една недела до првите мечеви веќе е време за анализи и за пренесување на податоци за она што може да се очекува од репрезентациите на овој шампионат.
Затоа од денеска почнуваме со претствување на репрезентациите, а секој ден ќе има претставување на по две селекции од групата во која игра Македонија, но и од другите две групи кои вкрстуваат со Македонија потоа.
Анализите ќе одат секој ден околу 12 и 18 часот така што можете да ги очекувате во овие термини.
Покрај тоа деновиве ќе можете да прочитате сè повеќе информации за настанот кој ќе го одбележи јануари така што ќе биде доста интересно. Затоа следете го 24Ракомет и очекувајте ги анализите, новите информации, како и податоците за историјата на Европските првенства.