Сè е исто како во Загреб: Истите се во финале, истите за бронза, исто…

Денеска во Будумпешта финишира 15. Европско првенство на кое сè изгледа идентично како што беше ситуација и со 13. првенство кое пред четири години се одржа во Хрватска.

И пред четири години и сега во финалето се среќаваат селекциите на Шпанија и Шведска. Тогаш на 28 јануари во Загреб, Шпанците дојдоа до првата круна откако победија со 29:23.

Претходно во дуелот за 3. место селекцијата на Франција беше подобра од Данска со 32:29.

И денеска во трката за златото, Шпанците и Швеѓаните ќе го продолжат ривалството така што ќе биде доста интересно во тој дуел. Ќе нема можност за опуштање туку сите ќе влезат со максимум од силите и ќе мораат да го покажат најдоброто.

На ова првенство веќе играа и тоа на 15 јануари во 2. коло од Групата Е, а тогаш Шпанија победи со 32:28.

Франција и Данска играа пред само четири дена и тоа во последното коло од Групата 1 од втората фаза, натпревар пол со контроверзни моменти бидејќи за овој дуел Исланѓаните имаат најмногу што да кажат. Данците тактизираа и загубија со 29:30, а на натпреварот беа без Хансен и Гидсел кои одмораа за полуфиналето.

Сега е шансата да се види кој состав е дефинитивно подобар, па сосема извесно на теренот ќе има што да се види и дефинитивно ќе се оди на максимум на овој дуел од прв до последен момент.

Она што е јасно сите имаат директно место на следното СП. Шведска оди како домаќин, додека другите три селекции како полуфиналисти на овој шампионат.

И МВП Е ИСТ, ГОТФРИДСОН ПОВТОРНО БЕЗ КОНКУРЕНЦИЈА

Откако пред две години му го предаде подиумот на Домагој Дувњак кога е во прашање наградата МВП на турнирот, сега Швеѓанецот Јим Готфрдисон е одново најдобар.

Ова е уште еден интересен момент кој е ист како и пред четири години бидејќи исто како и тогаш во Загреб и сега Готфридсон го добива признанието и се наоѓа на тронот на поединечните признанија.

Одново имаше одличен турнир и сосема заслужено се најде со признанието кое дефинитивно е знак за неговата одлична игра и комплетна контрола на теренот на репрезентацијата на Шведска. Во моментов е играч кој има целосна контрола односно играч кој знае како да го води својот тим во секој момент од средбата.