Ракометната федерација на Македонија денес по пристигнатите службени материјали донесе одлуки за казните од натпреварите од 8-то коло во Плеј-офот и Плеј Аутот од машката Суперлига.
Eкипата на Еурофарм Пелистер е казнета со 60.000 денари поради лошата организација на дербито со Вардар и фрлање на предмети на теренот од страна на публиката.
Казна од 20.000 денари доби ракометарот на Тиквеш, Никола Стефановиќ. Стефановиќ е казнет поради навреди кон судијата и официјалните лица на натпревари.
Најстрога казна заработија судиите Рубично Седлоски и Горан Ангелески кои делеа правда на натпреварот помеѓу Еурофарм Пелистер 2 и Тиквеш. Двајцата се суспендирани на шест месеци. Причината за казната е поднесениот приговор од страна на Тиквеш, стручна комисија ја разгледувала жалбата, а на крајот била донесена таквата одлука.