Ракометарите на Кореја се на подготовки во пресрет на квалификацискиот Олимписки турнир кој ќе се игра во Доха. Но, на подготовките во Чинчеон се случил инцидент после кој осум ракометари се суспендирани од репрезентацијата.
Било откриено дека осум ракометари претерале со пиење пиво за време на подготовките и поради тоа се исклучени од реперезентацијата. Селекторот Чо Јонг Шин ја презема одговорността за случувањата и си поднесе оставка, а екипата ќе продолжи да се подготвува со помпшникот тренер.
Националната федерација на ракометарите им изрече суспензија од два месеци. Кореја ќе игра на квалификацискиот турнир кој започнува на 17 октомври. Ривали за пласман на Олимписките игри ќе им бидат Саудиска Арабија, Бахреин, Кувајт, Казахстан, Кина, Обединетите Арапски Емирати и Катар.