Освен селекцијата на Франција која за противник го има составот на Бахреин, на другите три натпревари од четврт-финалето на Олимписките игри во Токио ќе има супер дуели бидејќи на сите ќе има големо надигрување.
Според позициите на табелите во двете групи Германија го доби Египет. Парондо ќе има навистина тежок дуел со момците, а доколку успее да го елиминира Бундес тимот тогаш во полуфиналето следува натпревар со победникот од средбата меѓу Франција и Бахреин.
Втората полуфинална двојка ќе биде сигурно со две селекции од Европа. Во другите две четврт-финалиња ќе играат Шведска против Шпанија и Данска против Норвешка. Ова ќе бидат супер дуели и пред почетокот никој не може да си даде за право да прогнозира победник иако според прикажаното на оваа Олимпијада Шпанија и Данска се во мала предност за пласман во полуфиналето.
Средбите од четврт-финалето се играат веќе во вторник, а полуфиналето е в четврток.
ДВОЈКИ ЗА ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ
ФРАНЦИЈА – БАХРЕИН
ГЕРМАНИЈА – ЕГИПЕТ
ШВЕДСКА – ШПАНИЈА
ДАНСКА – НОРВЕШКА