Супер финиш за Хрватска, за пет минути ја средија Аргентина

Ракометарките на Хрватска имаа одлична завршница на дуелот против Аргентина и за само пет минути успеаја да го решат натпреварот со 28:22 и да дојдат до првата победа во вториот круг на Светското првенство.

Хрватките имаа тешка средба. Иако водеа долго во првото полувреме во последните пет минути пред заминувањето на одмор примија четири гола и на одмор имаа 12:14.

Во вториот дел долго се бараше играта за позитивен резултат. Имаше потреба од кревање на нивото на игра, но никако не можеше да се фати потребниот ритам. Аргентина лесно се снаоѓаше, па оттаму беше и во предност до 50. минута. Тука при 19:21 почна првата серија на Хрватска.

На пет минути до крајот од натпреварот резултатот беше 22:21, а потоа следуваше супер финиш за победа од 28:22. Стела Посавец со осум гола беше најефикасна ракометарка на теренот. Во Аргентина Мендоза и Каво имаа по пет гола.

Ова беше натпревар од Групата 4, додека во Групата 3, Чешка не успеа против Јужна Кореја. Постојано беше во негатива из агуби со 26:32.

СВЕТСКО ПРВЕНСТВО

ВТОРА ФАЗА, 1. КОЛО

ГРУПА 3

ЧЕШКА – ЈУЖНА КОРЕЈА              26:32 (13:20)

ГРУПА 4

ХРВАТСКА – АРГЕНТИНА              28:22 (12:14)

ПРЕЗИДЕНТ КУП

СЛОВАЧКА – ТУНИС       31:27 (17:14)