Составите кои не обезбедија место во плеј-оф групата од Супер машката лига ќе добијат дополнителна шанса за опстанок во најсилното друштво, но само првото место во директно, а второто во бараж.
Осумте екипи денеска ги дознаа стартните броеви, а ждрепката донесе интересни пресметки.
Уште на старт на двобој се Прилеп и КЛ 7, две екипи кои претендираат на првото место и имаат убави шанси за тоа. Покрај нив и ГРК Тиквеш 2014 исто така е во комбинација за врвот, а кавадарчани почетокот ќе го имаат кај тимот на Јуниор Кисела вода.
Ќе се играат 14 кола, а комплетниот распоред можете да го погледнете во продолжение.