На програмата во 5. коло од Супер машката лига се наоѓаат три натпревари од кои два се играат во Скопје, а еден во Радовиш.
Во Скопје гостите се во преднсот пред почетокот и на двата дуели. Се очекува и Металург и Охрид да дојдат до победата, а сигурно ќе добијат отпор од тимовите на Работнички односно Вардар јуниор. Сепак, доколку сè оди според план тогаш би можело да се дојде до бодови за гостите.
Домашните ќе мора да се надминат за да стигнат до позитивен епилог, а и бод на овие дуели за нив ќе биде успех.
На натпреварот меѓу Радовиш и Металург 2 ситуацијата е нешто поинаква. Според игрите радовишани би требало да се фаворити, но дефинитивно на овој двобој ќе има неизвесност, па и составот на Металург 2 ќе има што да покаже на теренот.
СУПЕР МАШКА ЛИГА
ДВОЈКИ И РЕЗУЛТАТИ ОД 5. КОЛО
БУТЕЛ СКОПЈЕ – СТРУГА 32:18
Мајиќ 9, Миланов 5, Мојсоски 3 – Новаковиќ 5, Маркоски 2, Кузманоски 2.
САБОТА, 5 ОКТОМВРИ
15:00ч
РАБОТНИЧКИ – МЕТАЛУРГ
Сала: СРЦ „Кале“ во Скопје. Судии: Дејан и Димитар Георгиевски од Скопје. Делегат: Марјан Огњановски од Скопје.
16:00ч
ВАРДАР ЈУНИОР – ОХРИД 2013
Сала: СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. Судии. Виктор Начевски од Скопје и Даниело Божиновски од Битола. Делегат: Лери Мирчески од Скопје.
19:00ч
РАДОВИШ – МЕТАЛУРГ 2
Сала: СРЦ „25 Мај“ во Радовиш. Судии: Ѓоко Колевски и Сашо Кркачев од Скопје. Делегат: Васил Чавдаров од Богданци.
СРЕДА, 9 ОКТОМВРИ
18:30ч
ПЕЛИСТЕР – ПРОЛЕТ 62
Сала: „Боро Чурлевски“ во Битола. Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Скопје. Делегат: Камер Металари од Скопје.
ТАБЕЛА: 1. Бутел Скопје 12 (143:122); 2. Металург 10 бода (130:98); 3. Пролет 10 (118:113); 4. Охрид 9 (107:87); 5. Радовиш 6 (114:113); 6. Пелистер 4 (94:100); 7. Работнички 4 (120:128); 8. Вардар јуниор 3 (95:127); 9. Металург II 1 (118:132); 10. Струга 1 (117:136).