На средбите од 9. коло од Супер машката лига тимовите кои се во првата четворка влегуваат како фаворити на натпреварите, но во исто време и треба да бидат внимателни бидејќи денеска се без право на грешка.
Сите екипи кои се на позициите кои водат во плеј-оф мора да одиграат внимателно доколку сакаат бодови така што ова ќе биде предизвик за нив.
Металург гостува во Радовиш кај незгодниот тим, но ќе биде во предност и се очекува да успее да го искористи ова за три бода. Охрид на свој терен ја пречекува екипата на Металург 2 и тука се очекува исто така три бода за домашните, додека Бутел Скопје ќе игра против Работнчки исто така пред своја публика.
Пролет ќе гостува во Струга, но влегува со предност на овој меч поради поквалитетниот состав.
Најголеми возбудувања се очекуваат на средбата Вардар јуниор – Пелистер каде што се очекува да има надигрување за бодовите.
СУПЕР МАШКА ЛИГА
ДВОЈКИ ЗА 9. КОЛО
СРЕДА, 6 НОЕМВРИ
16:30ч
ВАРДАР ЈУНИОР – ПЕЛИСТЕР
Сала: СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. Судии: Димитар и Дејан Георгиевски од Скопје. Делегат: Лери Мирчески од Скопје.
18:00ч
ОХРИД – МЕТАЛУРГ 2
Сала: СЦ „Билјанини извори“ во Охрид. Судии: Методија и Михајло Илиевски од Битола. Делегат: Славчо Каланоски од Струга.
18:30ч
РАДОВИШ – МЕТАЛУРГ
Сала: „25 Мај“ во Радовиш. Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски од Скопје. Делегат: Васил Чавдаров од Богданци.
СТРУГА – ПРОЛЕТ
Сала: „Тими“ во Струга. Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски од Битола. Делегат: Васко Дјакоски од Кичево.
19:00ч
БУТЕЛ СКОПЈЕ – РАБОТНИЧКИ
Сала: „Антон Димитров“ во Скопје. Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Скопје. Делегат: Камер Металари од Скопје.
ТАБЕЛА: 1. Металург 20 бода (261:203); 2. Охрид 19 (216:171); 3. Бутел Скопје 18 (218:190); 4. Пролет 17 (236:214); 5. Радовиш 15 (255:238); 6. Вардар јуниор 9 (218:249); 7. Пелистер 8 (197:203); 8. Металург II 4 (230:272); 9. Работнички 4 (235:281); 10. Струга 1 (176:221).