Супер машка лига: Најинтересно во Автокоманда во последното есенско коло

Според двојките кои останаа од 14. коло кое е последно есенва во Супер машката лига најголемите возбудувања се чекаат во „Автокоманда“. Екипата на Металург 2 го пречекува составот на Радовиш и тука би требало да има битка за бодовите до крајот од средбата.

Металург 2 пред своја публика може да се бори против радовишани кои се наоѓаат во солидна форма и на хартија веројатно би требале да се фаворити. Сепак, на ваквите средби е тешко да се даде предност пред мечот, па затоа нијанси можат да пресудат денеска.

На другите два дуели Охрид и Пролет како домаќини не би требале да имаат поголеми проблеми за да се изборат за по три бода.

СУПЕР МАШКА ЛИГА

ДВОЈКИ И РЕЗУЛТАТИ ОД 14. КОЛО

СТРУГА – БУТЕЛ СКОПЈЕ              25:31 (ИЗВЕШТАЈ)

Кузманоски 9, Крстаноски 6, Симоноски 5 – Божиноски 8, Димов 6, Трајковски 5

МЕТАЛУРГ – РАБОТНИЧКИ       51:23 (ИЗВЕШТАЈ)

Кондев 12, Вујовиќ 8, Шилегов 6 – Палевски 10, Михајловиќ 6, Темелкоски 3

САБОТА, 7 ДЕКЕМВРИ

16:00ч

МЕТАЛУРГ 2 – РАДОВИШ

Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Виктор Начевски од Скопје и Даниело Божиновски од Битола. Делегат: Петре Климкаров од Велес.

18:00ч

ОХРИД – ВАРДАР ЈУНИОР

Сала: СЦ „Билјанини извори“ во Охрид. Судии: Виктор Андонов и Стојанче Јовановски од Скопје. Делегат: Марјан Огњановски од Скопје.

18:30ч

ПРОЛЕТ 62 – ПЕЛИСТЕР

Сала: „Македонско сонце“ во Скопје. Судии: Мирко Трајковски и Александар Вукашиновски од Скопје. Делегат: Цане Куртовиќ од Скопје.

ТАБЕЛА: 1. Металург 38 бода (486:350); 2. Охрид 34 (371:295); 3. Бутел Скопје 31 (379:340); 4. Пролет 26 (404:345); 5. Радовиш 19 (380:381); 6. Вардар јуниор 18 (367:384); 7. Пелистер 14 (332:343); 8. Металург II 7 (370:441); 8. Работнички 4 (399:504); 10. Струга 4 (323:428).