Супер машка лига: Коло за домаќините, сите си освоија по три бода

Екипите кои играа на домашен терен во 10. коло од Супер машката лига успеаја истиот и да го искористат освојувајќи по три бода. Сите беа сигурни, а иако на два дуели имаше минимални триумфи, сепак, бодовите останаа дома.

Најубедлив беше Металург против вториот тим, а солидно помина и Бутел Скопје против Пелистер. Составот на Вардар јуниор дојде до значајни три бода против Радовиш така што немаше никаков проблем за да се дојде до победата.

Охрид имаше неизвесна завршница против Пролет, но успеа со 29:28 да се избори за нови три поени, додека Струга конечно се избори за триумф, а го надигра тимот на Работнички со 32:31 со што освои три важни бодови во трката за опстанок.

СУПЕР МАШКА ЛИГА

РЕЗУЛТАТИ ОД 10. КОЛО

МЕТАЛУРГ – МЕТАЛУРГ 2           39:27 (ИЗВЕШТАЈ)

Шилегов 7, Кондев 6, Лазаревски 6 – Стојановиќ 5, Додиќ 5, Савковиќ 3

БУТЕЛ СКОПЈЕ – ПЕЛИСТЕР        32:23 (ИЗВЕШТАЈ)

Мајиќ 8, Шокоски 4, Печенковски 3 – Петровски 4, Трајковски 3, Блажевски 3

СТРУГА – РАБОТНИЧКИ              32:31 (ИЗВЕШТАЈ)

Кузманоски 9, Крстаноски 8, Јанкуловски 4 – Палевски 13, Сулима 7, Темелкоски 4

ОХРИД – ПРОЛЕТ           29:28 (ИЗВЕШТАЈ)

Тот 6, Манасков 6, Тасески 5 – Поповски 11, Џонов 6, Андоновски 5

ВАРДАР ЈУНИОР – РАДОВИШ 29:26 (ИЗВЕШТАЈ)

Кукуловски 8, Крстевски 6, Ќосевски 6 – Илиев 8, Стојановски 6, Везенковски 4

СЛЕДНО, 11. КОЛО (16/17 НОЕМВРИ)

РАДОВИШ – БУТЕЛ СКОПЈЕ

ВАРДАР ЈУНИОР – МЕТАЛУРГ

ПРОЛЕТ 62 – МЕТАЛУРГ 2

ПЕЛИСТЕР – СТРУГА

РАБОТНИЧКИ – ОХРИД

ТАБЕЛА: 1. Металург 26 бода (336:252); 2. Охрид 25 (277:226); 3. Бутел Скопје 24 (278:239); 4. Пролет 20 (302:263); 5. Радовиш 15 (303:303); 6. Вардар јуниор 6 (276:300); 7. Пелистер 8 (245:264); 8. Работнички 4 (292:341); 9. Металург II 4 (284:343); 10. Струга 4 (228:290).