Супер машка лига: Возбудувања во Богданци и Струмица, во Скопје секаде со фаворити на хартија

Со натпреварите кои ќе се одиграат денеска во Скопје, Струмица и Богданци стартува новата сезона во Супер машката лига. Ова се шест средби од кои дури четири се играат во Скопје, а тимовите се поделени во две групи.

Дербито на денот се очекува да биде дуелот меѓу Младост 1977 и ГРК Тиквеш. Ова се тимови кои лани играа во Првата машка лига, а денеска се соочуваат на стартот во Групата Б.

На другите средби има фаворити, но сигурно ќе има што да се види и на пресметката меѓу Астраион и Радовиш кои ќе ги одмерат силите во Струмица каде што сосема извесно е дека и домашните ќе можат да покажат добар ракомет и да се обидат да дојдат до интересна средба.

Затоа, Металург, Бутел Скопје, Пролет и Охрид влегуваат како фаворити на хартија на своите дуели. Сите овие натпревари се играат денеска во Скопје и сосема извесно е дека ова ќе биде добар показател за она што може да се очекува од сезоната.

СУПЕР МАШКА ЛИГА – ГРУПА А

ДВОЈКИ ЗА 1. КОЛО

ПЕТОК, 11 СЕПТЕМВРИ

19:00ч

ЈУНИОР КИСЕЛА ВОДА – ПРОЛЕТ 62

Сала: ОУ „Круме Кепески“ во Скопје. Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски од Битола. Делегат: Ацо Николовски од Скопје.

КЛ 7 – ГРК ОХРИД

Сала: СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. Судии: Димитар и Дејан Георгиевски од Скопје. Делегат: Русе Наумовски од Скопје.

20:30ч

АСТРАИОН – РАДОВИШ

Сала: „Парк“ во Струмица. Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Скопје. Делегат: Камер Металари од Скопје.

СТРУГА Е СЛОБОДНА

СУПЕР МАШКА ЛИГА, ГРУПА Б

ДВОЈКИ ЗА 1. КОЛО

ПЕТОК, 11 СЕПТЕМВРИ

18:00ч

МЕТАЛУРГ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2

Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Спаско и Глигор Ќаеви од Скопје. Делегат: Марјан Огњановски од Скопје.

19:00ч

РАБОТНИЧКИ – БУТЕЛ СКОПЈЕ

Сала: Антон Димитров во Скопје. Судии: Михајло и Методија Илиевски од Битола. Делегат: Марјан Начевски од Скопје.

20:30ч

МЛАДОСТ 1977 – ГРК ТИКВЕШ

Сала: „Млаз“ во Богданци. Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски од Скопје. Делегат: Душко Камишевски од Скопје.

ПРИЛЕП Е СЛОБОДЕН