Супер машка лига: Бутел Скопје против екс-тренерот ќе надоместува за поразот во Охрид

Ракометарите на Бутел Скопје во средата играа против екипата на Охрид, а денеска веќе се соочуваат со составот на Металург 2 и со поранешниот тренер, Игор Котевски.

Ова е меч со кој се отвора 7. коло, кое треба да биде финиширано утре кога на програмата ќе бидат уште четири натпревари.

Јасно е дека Бутел Скопје е фаворит на овој меч, а секако ќе има многу мотив и кај Игор Котевски против поранешниот тим така што ова би требало да биде интересен натпревар.

На денешната средба ќе биде интересно секако да се види и како ќе биде дуелот меѓу ланските соработници Грчевски и Котевски кои ќе бидат на спротивни страни.

СУПЕР МАШКА ЛИГА

ДВОЈКИ ЗА 7. КОЛО

ПЕТОК, 18 ОКТОМВРИ

18:30ч

БУТЕЛ СКОПЈЕ – МЕТАЛУРГ 2

Сала: „Антон Димитров“ во Скопје. Судии: Дејан и Димитар Георгиевски од Скопје. Делегат: Камер Металари од Скопје.

САБОТА, 19 ОКТОМВРИ

15:30ч

ВАРДАР ЈУНИОР – ПРОЛЕТ 62

Сала: СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. Судии: Рубин Седлоски и Горан Ангелески од Прилеп. Делегат: Ацо Николовски од Скопје.

18:30ч

ПЕЛИСТЕР – МЕТАЛУРГ

Сала: „Боро Чурлевски“ во Битола. Судии: Сашо Кркачев и Ѓоко Колевски од Скопје. Делегат: Марјан Начевски од Скопје.

19:00ч

РАДОВИШ – РАБОТНИЧКИ

Сала: 25 Мај во Радовиш. Судии: Михајло и Методија Илиевски од Битола. Делегат: Васил Чавдаров од Богданци.

19:30ч

СТРУГА – ОХРИД 2013

Сала: „Тими“ во Струга. Судии: Виктор Начевски од Скопје и Даниело Божиновски од Битола. Делегат: Русе Наумовски од Скопје.

ТАБЕЛА: 1. Металург 16 бода (205:150); 2. Охрид 15 (159:132); 3. Пролет 14 (177:163); 4. Бутел Скопје 12 (165:146); 5. Радовиш 9 (190:183); 6. Пелистер 8 (151:152); 7. Вардар јуниор 6 (156:185); 8. Работнички 4 (176:205); 9. Струга 1 (142:168); 10. Металург II 1 (182:219).