СУПЕРЛИГА, ГРУПА Б: Сезоната стартува со вечно дерби во Скопје, Пролет и Бутел на мегдан во октомври

Новата сезона во суперлигашкото друштво ќе стартува во вториот викенд од месец септември, на 9 или 10. Во групата Б се најдоа екипите на Вардар, Еурофарм Пелистер, Бутел Скопје, Пролет, Вардар Неготино, Прилеп, Голден Арт и Мулти Есенс.

На стартот на сезоната во првото коло ќе се игра вечното дерби во Скопје, меѓу Вардар и шампионот Еурофарм Пелистер (9/10 септември).

Скопскиот двобој меѓу Бутел Скопје и Пролет кој секогаш привлекува големо внимание ќе се игра на 14/15 октомври во 7 коло.

Во Битола, реваншот меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар ќе биде во рамките на 8 коло и ќе се игра 21/22 октомври.

Ќе има едно вонредно коло (10/11 октомври), една ЕХФ недела (30 октомври/5 ноември), а пред последното коло ќе се одиграат и натпреварите од елиминациското коло во Купот на Македонија.

Во продолжение е целосниот распоред за регуларниот дел од сезоната (група Б).