Левото крило на Металург и на младинската репрезентација на Македонија, Дарко Кондев, ќе игра и за прволигашот Тиквеш од Кавадарци.
Провлигашкиот лидер на табелата во групата 2, остана без услугите на левото крило Димитар Коцев, па мораше да побара засилување на таа позиција.
Кондев нема голема минутажа во Металург на суперлигашките мечеви, па со играњето во Тиквеш на двојна регистрација ќе може да ја одржува формата.
Тиквеш по шест кола нема пораз во Првата лига и уште отсега може да се каже дека обезбеди плеј-оф за место во Суперлигата.