Суперлигашите од Битола спарингуваа, помладите без респект против поискусните колеги

Двете екипи на Еурофарм Пелистер одиграа контролен натпревар во кој вториот тим даде силен отпор на поискусните колеги кои не беа во комплетен состав на овој дуел, а победата беше за првиот тим со 28:26.

Според играта која беше прикажана се виде дека и помладите ракометари ќе имаат што да покажат во пролетниот дел од сезоната бидејќи ќе парираат на посилните. Тоа го потврдија во сите 60 минути. Имаа нерешени 13:13 после првото полувреме, а потоа во вториот дел првиот состав успеа да биде подобар за два гола и да дојде до триумф.

Со оглед на тоа што е краток периодот до почетокот на пролетниот дел од сезоната веќе е време и за темпирање на формата, а ова е добар знак.

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2          28:26 (13:13)

Сала: „Боро Чурлевски“  во Битола.  Судии: Методија и Михајло Илиевски од Битола.

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР: Кизиќ 1, Ивановски, Обрадовиќ 5, Танковски 5, Табоада 1, Арсеновски 5, Божиќ Павлетиќ 3, Кукуловски, Павле Атанасијевиќ 1, Стоилевски 3, Кукоски, Марковски 4

Седмерци: 2/2, Исклучувања: 4 мин.

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2: Трајкоски, Јовановски, Ристевски, Талевски 3, И. Димитровски, В. Димитровски 5, Димитриоски 6, Петровиќ 3, Петар Атанасијевиќ 3, Митревски 1, Ѓорговски 2, Ѓукиќ 1, Блажевски 2, Буторац, Петковски

Седмерци: /, Исклучувања: 6 мин.