Екипите на Пролет 62 и Работнички ги одмерија силите на контролен натпревар, а победата им припадна на ракометарите на Пролет кои беа подобри со 34:26.
Двете екипи се дел од Супер машката лига, но ситуацијата е поинаква. Пролет е во плеј-оф лигата, додека Работнички во плеј-аут.
Првото полувреме мина во неизвесност бидејќи разликата беше изразена со само еден гол во корист на тимот на Пролет.
За екипата на Пролет денеска првиот натпревар го одигра десниот бек Потиќ, кој пристигна од редовите на Металург, додека во Работнички се најдоа четири ракометари на Вардар, Мишевски, Гашовски, Атанасовски и Карапалевски.