Суперлигата продолжува утре со пет средби, една е одложена

Во текот на утрешниот ден ќе бидат одиграни пет натпревари од суперлигашката конкуренција, од двете групи.

Во групата А, на програмата ќе бидат средбите во Струга, меѓу домаќинот и струмички Астраион, потоа во Радовиш, каде ќе сретнат домашниот тим и Охрид, како и средбата во „Македонско Сонце“, каде ќе играат Пролет и КЛ7.

Во групата Б, одложен е натпреварот меѓу Младост Богданци и Бутел Скопје, со оглед на позитивните случаи на Ковид-19 во гостинскиот тим, а ќе се играат двобоите во Скопје меѓу Работнички и Еурофарм Пелистер 2, како и меѓу Металург и Прилеп.

Слободни се екипите на Јуниор Кисела Вода и Тиквеш, кои ќе имаат повеќе време да се подготват за новите натпревари што се играат во вторник.

28.ное 13:00 Струга Астраион група А, 10 коло
28.ное 16:00 Работнички Еурофарм Пелистер група Б, 9 коло
28.ное 17:30 Радовиш Охрид група А, 10 коло
28.ное 18:00 Металург Прилеп група Б, 9 коло
28.ное 18:30 Пролет КЛ7 група А, 10 коло