Руската ракометна федерација и клубот ЦСКА Москва поднесоа жалба до ракометниот суд на ЕХФ против одлуката на Извршниот коминтет на ЕХФ кој донесе одлука на 28. февруари да ги суспендира репрезентациите на Русија и сите клубови од натпреварувањата на ЕХФ.
Ракометниот суд на ЕХФ експресно ги отфрли барањата на Руската ракометна федерација и ЦСКА Москва за суспендирање на донесената одлука на Извршниот комитет на ЕХФ.
Случајот на Русија ќе биде разгледан по забрзана постапка поради итност. Во секој случај, правната постапка е започната и ќе биде објавена одлуката од постапката.
Според тоа, одлуката на Извршниот комитет останува на сила и репрезентациите и клубовите од Русија се суспендирани од учество во сите натпреварувања на ЕХФ.