Хрватскиот ракометен сојуз донесе одлука селекторот Хрвоје Хорват да остане на чело на репрезентацијата и покрај слабото издание на Европското првенство и освојувањето на осмото место на турнирот.
Претседателот на ракометниот сојуз на Хрватска, Томислав Граховац сигурно има влијание околку изборот на селекторот, но фактот што тој е бизнис партнер со сопругата на Хрвоје Хорват го става во непријатна ситуација.
Хрватскиот портал „Нет.хр“ открива дека Граховац и Александра Хорват се деловни партнери и имаат заедничка адвокатска канцеларија, но претседателот ги отфрла сите сомнежи за судир на интереси.
„Јас не го поставувам селекторот на таа позиција, ниту го предлагам. Со госпоѓата Александра Хорват сме во деловни односи и пријатели, а нашата партнерство не влијаеше на ниту еден начин Хрвоје да остане на селекторската позиција. Нема судир на интереси, селекторот го избира управниот одбор на ХРС“, рече Граховац за net.hr.
Следен предизвик на Хрватите е баражот за Светското првенство во 2023 година, а евентуален неуспех сигурно би резултирал со промена на селекторската позиција.
Но Хрватска за противник ќе ја има победничката репрезентација од дуелот помеѓу Украина и Финска, па ќе биде огромен фаворит и Хорват веројатно нема да си дозволи нов кикс.